Почетокот на идната седмица ќе има повторно лидерска средба на која ќе се дискутираат понатамошните чекори.

Објавил: Владо Марин | 12 мај, 2020 17:27

ПЕНДАРОВСКИ: На средбата со консензус беше одлучено дека здравјето на граѓаните останува приоритет!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Предмалку заврши средбата на претседателите на политички партии кои самостојно освоија мандати на последните парламентарни избори на која се дискутираше за одржувањето на предвремените избори.

Со консензус беше одлучено дека здравјето на граѓаните останува приоритет, вели после лидерската средба претседателот Стево Пендаровски!

Во однос на понатамошните чекори договорено е да се побара мислење од Комисијата за заразни болести во однос на мерките и протоколите кои треба да се почитуваат при одржување на изборни процеси во време на пандемија на #КОВИД19.

Државната изборна комисија е потребно да достави мислење за временските рокови кои и се потребни за завршување на подготовките за спроведување на изборниот процес, а исто така ќе биде побарано и мислење од Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за временската рамка во која може да испратат набљудувачка мисија за изборите.

Почетокот на идната седмица ќе има повторно лидерска средба на која ќе се дискутираат понатамошните чекори, заклучи претседателот Пендаровски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести