Пендаровски на трибината изјави дека датумот за преговори со ЕУ, се очекува да биде во јуни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 април, 2019 10:17

Пендаровски: Оваа и следната година ќе бидат години на економијата, која бележи до сега невиден раст

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и канидидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски на трибината во Кавадарци посочија на придобивките од политиките кои водат напред кон НАТО и кон ЕУ, а коишто веќе ги чувствуваат граѓаните, посебно на економски план и водат кон развој и на земјоделството и на економијата.

-Ако минатата година беше година на интеграциите, оваа и следната година ќе бидат години на економијата којашто веќе бележи раст и тоа со темпо со кое што не сме биле со години, и тоа е поради отворените интеграции, рече претседателскиот кандидат Пендаровски, и посочи на бројката од речиси 625 милиони евра странски инвестиции што влегле во нашата држава, само за 2018 година.

Пендаровски на трибината изјави дека датумот за преговори со ЕУ, се очекува да биде во јуни.

-Во јуни очекуваме датум за почеток на преговорите со ЕУ, може да замислите какви ‘се фондови и економски можности ќе се отворат за нашата држава, рече кандидатот за претседател Пендаровски.

Премиерот Заев, на трибината во Кавадарци посочи на повеќе бенефити за земјоделците

Зоран Заев, посочи на повеќе бенефити за земјоделците во последниот период и порача дека е потребно да продолжат евро-атлантските интеграциски политики, за да има повеќе пари во земјоделството како и за сите граѓани европски животен стандард.

-Исплативме за 2014/15/16/17 година 110 милиони евра заостанати субвенции, секоја година даваме паралелно 140 милиони евра субвенции, доделени се 424 грантови од по 10.000 евра само во земјоделството, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев кој додаде дека државата, со вистински, исправни чекори, може да се најде на својот народ. ЕУ е платено грозје, ЕУ е укината акциза за ракијата на 0 проценти, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој од Кавадарци му одговори на Мицковски за имињата на сите странски инвестиции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести