Се вејат македонски и албански знамиња, се слави со оро, зурли тапани објави плусинфо.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 мај, 2019 21:32

Пендаровски почна да ја слави победата со зурли, тапани, албански и македонски знамиња !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поддржувачите на претседателскиот кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски веќе почнаа да слават пред штабовите.

Се вејат македонски и албански знамиња, се слави со оро, зурли и тапани пред штабовите од СДСМ во Скопје, објави порталот „Плусинфо”. Од неофицијални извори од партијата на СДСМ веќе нарачале и кетеринг за прославата. Во и пред партиското седиште почнуваат да се собираат членови и симпатизери на партијата.

Според податоците од Државната изборна комисија моментално води кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски води со 364.262 или 52,46%, а додека пак кандидатката од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова има освоено засега 305.471 или 43,99%.

За разлика од седиштето на СДСМ, во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е мирно и за разлика од првиот круг е тивко и нема раздвиженост.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести