Претседателот Стево Пендаровски, по седницата на Советот за безбедност, оцени дека состојбата со корона вирусот во земјата е сериозна, што ги тера да размислуваат и за нови мерки!

Објавил: Перо Милчин | 19 ноември, 2020 15:02

Пендаровски: Предлагаме 30 дена кризна состојба на цела територија на земјата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот Стево Пендаровски, по седницата на Советот за безбедност, оцени дека состојбата со корона вирусот во земјата е сериозна, што ги тера да размислуваат и за нови мерки!

„Во кризна состојба има законска можност владата да управува со ресурсите на државните органи, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, како и Градот Скопје, но и на трговските друштва, во овој случај приватните здравствени установи. Не станува збор за национализација, туку евентуално за нивно управување, но само таму и во обем за кои владата ќе процени дека е потребно“, изјави Пендаровски.

Тој објасни дека за сите услуги кои што приватните здравствени установи ќе ги даваат ќе добијат обесштетување, односно компензација.

Моментално, како што посочи Пендаровски, веќе има прогласено кризна состојба на северната и јужната граница поради нелегалните преминувања на мигранти и бегалци, и додаде дека на тие подрачја, полицијата и војската веќе работат заедно.

„И во моментот, Армијата дава поддршка на полицијата и здравствените институции, но во лимитиран обем, потпирајќи се само на правниот основ кој доаѓа од законот за служба во Армијата. Но, откако ќе биде прогласена кризната состојба,  тогаш законот за одбрана и законот за управување со кризи даваат многу пошироки можности за поддршка на надлежните институции, пред се здравствените, од страна на Армијата“, додаде Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести