Но интересно е тоа што тој споменува помирување со опозицијата, а на вчерашната инаугурација воопшто не го покани лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 мај, 2019 10:41

Пендаровски сака примирје со опозицијата но не го направи најважниот чекор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска започна првиот работен ден како претседател на Република македонија, за Стево Пендаровски. Тој на вчерашната инаугурација во Собранието, изјави дека ќе биде претседател на сите граѓани. Тој истакна дека ќе им служи и на оние кои гласаа за него, и на оние кои гласаа за неговите противкандидати, како и на оние кои не излегоа на гласање.

-Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака за соработка кон опозицијата, рече претседателот Пендаровски на вчерашната инаугурацијата, додавајќи дека време е да почне граѓанското помирување зашто немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом.

Откако се ракуваа, Пендаровски и официјално го испрати Иванов од претседателската резиденција на Водно. A Иванов пак и овој пат ги одби медиумите за изјава.

Но интересно е тоа што тој споменува помирување со опозицијата, а на вчерашната инаугурација воопшто не го покани лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски. 

„Досега до претседателот Мицкоски нема упатено покана за присуство на денешниот настан. Претседателот Христијан Мицкоски денот ќе го помине стандардно, со утринска прошетка и искачување на Водно, потоа продолжува со работни ангажмани во седиштето на партијата, каде има однпаред закажани средби и состаноци. А, попладне ќе биде со своето семејство“, изјавија вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

На свечената седница во Собранието присуствуваа претседателите на Србија, Бугарија, Албанија и Косово, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, високи делегации на Турција, Полска и Словенија, пратеници, владини функционери и дипломатски претставници.

Тој вчера успеа да одржи и први меѓународни средби ги имаше со високи државни делегации од соседните балкански држави кои присуствуваа на свечената седница во Собранието. Тој се сретна со претседателот на Србија Александар Вучиќ, на Бугарија Румен Радев, на Албанија Илир Мета и на Косово Хашим Тачи.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести