Албанците се во многу подобра позиција, од пред години или од првата деценија по независноста, рече Пендаровски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 мај, 2019 13:52

ПЕНДАРОВСКИ: Се уште Албанците не се 100% рамноправни со своите македонски браќа во оваа земја!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Стево Пендаровски после победата за претседателските избори рече дека е премногу задоволен од добиените гласови во вториот круг што го направија претседател.

Како што пишува Алсат, Пендаровски веднаш неколку минути по затворањето на гласањето додека се пребројуваа гласовите, тој најде време да одговори на неколку прашања за Албанската Радио Телевизија. Во изјавата на прашање од новинарите за рамноправноста меѓу Македонците и Албанците, Пендаровски рече дека Македонија денеска е подобро место за живеење и тоа се гледа по бројките кои можат да се проверат, со албанските министри во владата на пример.

–Македонија денес е подобро место за живеење и тоа се гледа по бројките кои можат да се проверат, со албанските министри во владата на пример. Во 2001 и 2002 година по потпишувањето на Охридскиот договор, во целата државна администрација ние имавме Македонци, а само 2,4 отсто Албанци во сите институции на државата, а денес имаме над 19 проценти застапеност во овие институции, и за една земја со многу ограничени финансиски средства, ова е голем чекор напред.

Несомнено, јас не можам да кажам дека Албанците се 100% еднакво застапени со своите македонски браќа во оваа земја, но можам да кажам со полна уста, дека се во многу подобра позиција од пред неколку години или од првата деценија по независноста, рече Пендаровски.

Во првиот круг од претседателските избори излегоа 755.702 гласачи. Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски освои 323.714 гласови, а во вториот круг влезе и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со 319.225 гласови. Отпадна кандидатот Блерим Река, зад кој застанаа Алијанса за Албанците и Беса, со 79.921 гласови.

Со зурли, тапани и ора, уште пред да бидат објавени резултатите од вториот круг на изборите, во штабот на СДСМ во неделата се славеше предноста во гласовите на нивниот кандидат Стево Пендаровски.

Од Државната изборна комисија, по пребројани 98,84 отсто од гласовите, победник на изборите за претседател на државата е Стево Пендаровски, со освоени 423.292 гласа, или 51,83 отсто, наспроти Гордана Сиљановска-Давкова, со освоени 363.980 гласа, односно 44,57 отсто од гласовите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести