Тој порача дека ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО во шпанскиот Парламент ќе биде завршена следниот месец доколку се е според планот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 февруари, 2020 18:03

Пендаровски: Следниот месец Шпанија ќе го ратификува протоколот за НАТО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на државава Стево Пендаровски е во посета на Република Полска. Денеска од таму тој порача дека очекува Македонија да добие членство во НАТО.

Тој порача дека ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО во шпанскиот Парламент ќе биде завршена следниот месец доколку се е според планот.

„Ако се оди според планот кога станува збор за политичките текови, околу 10 март би требало тој процес да биде заокружен. Ќе останат само неколку технички детали кои треба да ги заврши Собранието во Скопје“.

Шпанија на која се чекаше да формира влада, по изборите кои се одржаа на 10 ноември е последната која треба да го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, по што официјално нашата држава ќе стане 30-та полноправна членка на Алијансата.

Минатиот месец и Талат Џафери, спикерот на Собранието рече дека до 12 февруари ќе се ратификува Протоколот за членство во НАТО. Тој во изјава за Телма рече дека по формирањето на Владата во Шпанија сега кај нас е многу полесна и појасна процедурата.

– Во овој момент нема потреба да се брза со предвремена ратификација. Владиниот предлог е во собраниска процедура и нема индиции дека е неопходно предвреме да се постапува, изјавил Џафери за Телма.

Според него, сите парламентарните партии се подготвени да дадат зелено светло.

 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.