-Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 септември, 2021 5:28

Пендаровски: Сочувство до семејствата на починатите, на повредените им посакувам закрепнување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејствата и роднините на починатите во пожарот што избувна вчера околу 21 часот во Ковид-центарот во Тетово.

Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.

Министерот за здравство објави дека досега се утврдени 10 жртви, но дека бројката може да порасне!

Најмалку 10 лица го изгубија животот во пожарот што избувна вечерва во ковид-центарот во болницата во Тетово.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој моментно е во Тетово, каде што заседава Кризниот штаб, објави дека досега има потврда за 10 жртви, но дека бројката може да порасне.

Тој изрази сочувство до семејствата и апелираше до медиумите да не шпекулираат со бројки, затоа што сите потврдени информации ќе бидат навреме споделени со јавноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...