Само напред девојко, земјата се гордее со твојот успех!, напиша Пендаровски на „Фејсбук“ упатувајќи апел да се гласа за бројот 8.

Објавил: admin@magazin | 18 мај, 2019 15:56

Пендаровски: „Со Бети ѝ посакавме успех на Тамара Тодевска- Македонија се гордее со твојот успех„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со неговата сопруга Бети, преку видеоповик ѝ посакаа успех на Taмара Тодевска, која вечерва настапува во финалето во Израел.

Тамара Тодевска со песната „Горда“ (Proud) вечерва под реден број 8 ќе настапи во финалната вечер на 64 Евровизија, што се одржува во Израел.

Претседателот Стево Пендаровски заедно со сопругата Бети, преку видео повик им честитаа на Тамара и нејзиниот тим, и им посакаа успех на вечерашното финале.

-Со Бети ѝ посакавме успех на Тамара Тодевска и нејзиниот тим во финалната вечер на Песна на Евровизија. Само напред девојко, земјата се гордее со твојот успех!, напиша Пендаровски на „Фејсбук“ и упати апел да се гласа за бројот 8.

Во вечерашното финале ќе настапат 26 земји, а ќе можат да гласаат сите учесници или 41 земја.

Директен пласман во финалето на Евровизија имаат Франција, Италија, Германија, Шпанија и Велика Британија. Како специјален гостин на финалната вечер на 64.Евровизија ќе настапи 60-годишната поп ѕвезда Мадона. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.