четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Претседателот на прашањето дали се сретнал со првоосомничениот во случајот Рекет, Боки 13, одговори потврдно дека се сретнал со него но само двапати. Пендаровски образложи дека првиот пат се сретнале во кампот на слободата во 2015 година, а вториот пат се сретнал во 1 ТВ телевизијата каде менаџер е Боки 13, а таму гостувал кај Ацо Кабранов и притоа остварил кратка 10 минутна средба и со Боки 13.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 август, 2019 13:05

Пендаровски: Со Боки 13 сум се сретнал два пати

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната прес конференција, претседателот на Република Македонија, Стево Пендaровски на денешната каде главна тема беше случајот Рекет одговори и за неговите средби со Боки 13.

Претседателот на прашањето дали се сретнал со првоосомничениот во случајот Рекет, Боки 13, одговори потврдно дека се сретнал со него но само двапати. Пендаровски образложи дека првиот пат се сретнале во кампот на слободата во 2015 година, а вториот пат се сретнал во 1 ТВ телевизијата каде менаџер е Боки 13, а таму гостувал кај Ацо Кабранов и притоа остварил кратка 10 минутна средба и со Боки 13.

Имено Стево Пендаровски денеска на прес конференцијата побара да се именуваат со име и презиме сите вмешани во скандалот со случајот „Рекет“.

– Аудио и видео снимките споделувани на медиумите изминативе денови предизвикуваат длабоко разочарување кај сите граѓани, а особено кај оние кои со години и по цена на постојани притисоци и закани од поранешната власт протестираа секојдневно барајќи правда. Револтот кај граѓаните е огромен и сосема оправдан. И јас, како граѓанин, како човек, не само како претседател, сум разочаран затоа што се изневерени и моите очекувања и тоа најмногу од луѓето од кои очекуваме да се борат за правна држава – рече Пендаровски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.