Успешно да работат на клучните прашања за државата – европската интеграција, борба со корупцијата, зајакнување на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните, рече Пендаровски!

Објавил: Владо Марин | 31 август, 2020 16:38

Пендаровски со честитки до Заев: Ви посакувам успех и да ја оправдате довербата дадена од граѓаните

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На премиерот Зоран Заев и членовите на Влада на Република Македонија им посакувам успех и да ја оправдаат довербата дадена од граѓаните, честиташе претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Успешно да работат на клучните прашања за државата – европската интеграција, борба со корупцијата, зајакнување на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните, рече Пендаровски!

На премиерот Зоран Заев и членовите на Влада на Република Македонија им посакувам успех и да ја оправдаат довербата дадена од граѓаните, честиташе претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Додека пак новиот премиер речњ дека денеска на ја имал честа да го претстави новиот состав на извршната власт пред претседателот на државата, кој му го довери мандатот да ја формира владата и да ја одбрани Програмата за нејзината работа во мандатот што следува – од 2020 до 2024 година.

За да се реализира Програмата, имаме тим од посветени, одговорни и отчетни кадри кои ќе ги предводат министерствата. Станува збор за компактен тим од поединци со силно и значајно политичко искуство и личности со стручно знаење и експертиза.

Уште еднаш им благодарам на сите граѓани кои со своите гласови ја потврдија исправноста на патот по кој се движиме напред. Сега е време да сработиме и да доработиме. Да продолжиме со силни чекори до подобра иднина за сите, заклучи Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести