Тој вели дека во вториот круг од претседателските избори се води битка на два сосема различни концепти, а прашање е кој ќе го одберат граѓаните.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 мај, 2019 21:06

Пендаровски: Ставам јавна кладба дека Груевски ќе се врати за две недели во Македонија ако победи Силјановска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кандидатот за претседател поддржан од владеачката СДСМ, Стево Пендаровски, во интервју за Тера телевизија истакна дека јавно ќе се клади дека доколку на престојните избори, закажани на 5ти мај победи неговата противкандидатка професорката Гордана Силјановска Давкова, поранешниот премиер Никола Груевски кој моментално е во Будимпешта, веднаш ќе се врати во државата.

Во интервју за тв Тера Пендаровски изјави дека е убеден дека доколку на изборите на 5ти мај победи Силјановска, поранешниот премиер Груевски ќе се врати во државава.

Пендаровски за битолската регионална телевизија Тера, вели дека ако Сијановска добие мандат, тогаш за не повеќе од две недели Груевски ќе се врати во државата и ќе ја води и партијата и државата од Скопје, а не од Будимпешта како што тоа сега е случа, според него.

Тој вели дека во вториот круг од претседателските избори се води битка на два сосема различни концепти, а прашање е кој ќе го одберат граѓаните.

Пораката е иста секаде, особено пред вториот круг мислам дека е исклучително битно да се разбере дека станува збор за битка на два концепти, и дека не се работи за нијанси. Во нијанси се разликувавме јас и господинот Река во првиот круг, и тој беше за Македонија на западот, и тој беше за Македонија напред на развиена држава, тој беше за мултиетничка држава, односно општество. Јас дури споредувам често пати дека дури и Ѓорѓе Иванов во првиот мандат кога се бореше во таа кампања не се откриваше толку многу пред гледачите, не кажуваше кој е всушност тој и за што ќе се залага, за жал го научивме тоа на полошиот начин, додека ја практикуваше таа функција, во изминативе 10 години, меѓутоа Силјановска не крие дека ќе води токму такви политики кои ќе водат до инклузија до сите етнички заедници внатре во државата, и сигурно не ја носат Македонија кон Евроатланските структури.Без тие два стојба, јас ги нарекувам внатрешни, кохезија во општеството и наша целосна интеграција во евроатланските структури ние не можеме да бидеме просперитетна држава.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика