Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен договор, а утре е планирано да оствари средба со францускиот претседател Емаунел Макрон.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 ноември, 2019 9:59

Пендаровски утре на средба со Макрон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска замина на работна посета во Франција каде ќе престојува до 13 ноември.

Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен договор, а утре е планирано да оствари средба со францускиот претседател Емаунел Макрон.

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, и ќе има можност директно од шефот на француската држава да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање.

Пендаровски изјави дека уште еднаш ќе го отвори прашаето за добивање датум за ЕУ, и  најави дека пред франсускиот претседател ќе ја повтори позицијата дека евроинтеграцијата на Северна Македонија нема алтернатива и оти земјата е подготвена да продолжи по тој пат, независно дали тоа ќе биде според досегашната или по новата методологија што ја заговара Франција.

Тој посочи дека во наредниот период треба да добиеме посилен сигнал дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит пред се Франција која беше против почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Париз инсистира на претходни внатрешни реформиво ЕУ и промена на методологијата за прием на нови земји членки.

Претседателот Стево Пендаровски ќе престојува во Франција од 11 до 13 ноември, а ќе има и обраќање на форумот на 12 ноември. На форумот се очекува присуство на повеќе од 30 шефови на држави и влади.

Пендаровски, покрај средбата со Макрон, утре ќе има и обраќање на форумот, на кој ќе учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.