Посакувам Исламската верска заедница и понатаму посветено да ја извршува својата мисија грижејќи се подеднакво за сите свои верници и да придонесува за развиена, просперитетна и демократска Република Македонија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 август, 2019 9:40

ПЕНДАРОВСКИ: “Честит КУРБАН БАЈРАМ и да го поминеме во здравје, благосостојба и хармонија”

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед во Република Македонија и порача празникот да го поминат во добро здравје и среќа.

Во пресрет на празникот кој го потенцира дарувањето и солидарноста, посакувам и годинава Курбан бајрам да го поминеме во здравје, благосостојба и хармонија, помагајќи им на сите на кои им е потребна помош, поткрепа и безусловна љубов.

Дозволете да ја искористам оваа можност да Ве повикам и понатаму посветено да работиме на разбирањето и меѓусебното почитување без разлика на верска, етничка или која било друга припадност. Верувам дека со заеднички усилби конечно ќе изградиме едно општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и слободен.

Пендаровски, исто така  упати честитка и до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.

Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Курбан бајрам.
Посакувам Исламската верска заедница и понатаму посветено да ја извршува својата мисија грижејќи се подеднакво за сите свои верници и да придонесува за развиена, просперитетна и демократска Република  Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести