Создаваме општество кое ја негува културата и богатсвото на различностите.
Градиме образование без стереотипи, предрасуди и дискриминација, затоа што еднаквоста се учи од најмала возраст.

Објавил: Владо Марин | 26 јуни, 2021 14:53

Пендаровски, Шекеринска, Шахпаска и Царовска дел од Парадата на гордоста

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Скопје се одржува втората Парада на гордоста. Стотици луѓе од најразлични генерации се приклучија на маршот и славењето на различности, што тргна од паркот Жена борец, а главниот собир е во Градски парк пред Школка, каде што ќе има и неколкучасовна музичка програма.

Претседателот Стево Пендаровски, министeрката за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерката за образование и наука Мила Царовска и лидерката на ДОМ Маја Морачанин денеска се меѓу оние кои дадоа поддршка со лично присуство на Парадата на гордоста што по втор пат се одржува во Скопје.

Создаваме општество кое ја негува културата и богатсвото на различностите.
Градиме образование без стереотипи, предрасуди и дискриминација, затоа што еднаквоста се учи од најмала возраст.

Верувам дека сите ние заеднички ќе овозможиме секој граѓанин да ги ужива своите права. Затоа што само за такво општество вреди да се бориме, рече Царовска!

Граѓани на различна возраст со знаменца „Skopje Pride“ се дел од маршот, а дел од транспарентите гласат „Нашата порака е посилна кога нашите гласови се обединети“, „Љубов вон ѕидовите“!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани