На прашањето што мисли за актуелниот претседател во заинување Ѓорѓе Иванов, тој вели дека незнае кој збор да го употреби за него

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 април, 2019 18:46

Пендаровски: Ќе ја гурам државата напред, човек што има Југо навикнат е да гура (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во недела во 18 часот и 30 минути на телевизија Канал 5, во шоуто Еден на Еден ќе гостува кандидатот за претседател Стево Пендаровски. 

Тој во видеото споделено на неговата Фејсбук страна на шега вели:

Ќе ја гурам државата напред, човек што има Југо навикнат е да гура.

Стево Пендаровски роден на 3 април 1963, во Скопје — македонски политичар, професор и аналитичар.

На прашањето што мисли за актуелниот претседател во заминување Ѓорѓе Иванов, тој вели дека незнае кој збор да го употреби за него, а за разликата помеѓу покојниот Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, вели дека се разликувале во тоа што Бранко имал различно однесување во кафеана. Интересно е тоа што кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, нема да биде сам во оваа емисија, туку гостинка ќе биде и кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, која пак ќе ги покаже своите способности за танцување рокенрол.

Инаку Пендаровски е семеен човек, кој речиси 20 години е во брак со Елизабета Ѓоргиевска. Таа во најновото видео поставено на Фејсбук профилот на Стево Пендаровкси вели дека семејството е нешто на кое треба да се работи постојано, тоа понекогаш бара компромис, но се темели на љубов и почит, а него го опишува како заштитник, човек од збор и столб на семејството.

Пред неколку дена тој го прослави својот роденден во интимна домашна атмосфера со својот син и сопругата, а откри дека на подарок му дале вратоврска, која вели дека ќе ја носи на инагурацијата доколку победи на престојните избори.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.