Одлуката е донесена во функција на спречување на ширењето на коронавирусот и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба

Објавил: Македонка Димкин | 14 март, 2020 10:45

Пендаровски ја пушти Македонската војска во Дебар!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, доцна синоќа донесе одлука за ангажирање на Армијата за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.

 »Одлуката е донесена во функција на спречување на ширењето на коронавирусот и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа – појасни Пендаровски.

Единиците на Армијата ќе ги координираат своите активности и ќе соработуваат со локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи и останатите институции на државата вклучени во справувањето со кризната состојба.

Владата вчера прогласи кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, од каде се најголемиот дел случаи на коронавирус во земјава. Вчера беа регистрирани четворица новозаболени од Дебар кои се поврзани со брачната двојка кај која вирусот беше откриен на 6 март по нивното враќање од Италија.

Бројот на заболени во Македонија е 13, а првозаразената пацинетка е излекувана и се очекува да биде пуштена на домашно лекување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.