Законот е во собраниска процедура и предвидува 6.000 денари за секој кој не се стекнал со правото на редовна пензија

Објавил: admin@magazin | 24 март, 2019 16:55

Пензионерите несреќни поради законот за социјална пензија?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Од Сојузот на здруженијата на пензионери не се премногу среќни за законот за социјална пензија кој е во собраниска процедура. Истиот ќе овозможи по 6.000 денари за секој кој не се стекнал со правото на редовна пензија, односно со минимум 15 години работен стаж пред да наполни 65 години, но од таму велат дека тоа нема да ја намали сиромаштијата на овие лица.

Според Драги Аргировски, претседателот на Сојузот, таа треба да биде барем 12.000 денари, односно колку минималната плата. Мерката нема суштински да влијае на старите лица и тешко ќе ги спаси од сиромаштија. Аргировски вели дека нема достоинствен живот со 6.000 денари.

– Со најновите податоци за овој Закон за социјална пензија само 4.000 ќе земаат 6.000 лица. Потребни се и други бенефиции за да може да опстануваат, колку толку да имаат достоинствен живот. Без најмалу 12, па зошто да не е и 14.000 денари, вели Аргировски.

Тој додава дека не треба да има ограничувања за оваа мерка, односно да не му бранат на едно ица да ја добива доколку неговиот партнер има редовна пензија

Истата нема да важи доколку старото лице има дополнителни приходи и имот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...