За девет години во Мадрид Роналдо одигра 438 натпревари, на кои постигна 450 голови

Објавил: Данаил Михајловски | 22 септември, 2018 12:13

Перез откри зошто заминал Роналдо, а кажа и детали за трансферот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез проговори околу заминувањето на Кристијано Роналдо.

Летово кое што е веќе зад нас го донесе еден од најголемите фудбалски трансфери во историјата. По девет години минати во Мадрид, Роналдо се пресели во Јувентус.

Тоа беше негова одлука и кога е така тогаш се потрудивме да извлечеме најмногу, земавме 100 милиони евра, колку што и го плативме во 2009 година. Тоа е најголем трансфер во историјата на Реал, кога се во прашање продажбите, изјави Перез.

Претседателот на шпанскиот гигант нагласил дека Сантијаго Бернабе секогаш ќе биде дом за Роналдо и дека тој е најдобар играч на клубот уште од времето на Ди Стефано.

Да имавме уште некоја понуда, можеби цената ќе беше поголема. Меѓутоа, освен Јувентус никој не беше заинтересиран, додава Перез.

За девет години во Мадрид Роналдо одигра 438 натпревари, на кои постигна 450 голови и освои две титули во шпанското првенство и во Купот на кралот, како и четири титули во Лигата на шампионите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...