Се верува дека Скајлер е првото дете кое е заразено со вирус што починало во Мичиген.

Објавил: Перо Милчин | 20 април, 2020 20:59

Петгодишно девојче почина од корона: Родителите ја одвеле на лекар поради главоболка и повеќе не ги отворила очите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Петгодишна девојче од Мичиген, кое се пожалило на главоболка пред еден месец, почина откако било заразено од коронавирус. Откако помина две недели во болницата на респиратор, Скајлер Херберт почина во неделата, според „Дејли меил“.

Во март нејзиниот тест беше позитивен на „Ковид-19“ и подоцна разви ретка форма на менингитис и оток на мозокот. Лекарите веруваат дека нејзиниот мозок „умрел“.

„Таа знаеше дека нема да се врати дома“, рече нејзината мајка.

Се верува дека Скајлер е првото дете кое е заразено со вирус што починало во Мичиген.

Нејзините родители рекле дека не знаат како девојчето го добила вирусот и дека немало други здравствени проблеми.

Првите симптоми не укажувале веднаш дека девојчето е заразено со Ковид-19.
Нејзините родители ја однеле на лекар на 23 март поради главоболка која била ублажена со лекови. Потоа девојчето било испратено дома со антибиотици.

– Таа плачеше цела ноќ и рече дека главоболката не минува. Се јавив на лекар и ми рекоа дека потребни се 48 часа за да може лековите да почнат да делуваат во организмот, рече мајката на починатото девојче.

Ја однесовме во Ургентен центар и тестот покажа дека е позитивна на коронавирусот.

После неколку денови на респиратор, за жал, девојчето никогаш повеќе не ги отвори очите, пренесува Дејли меил.
Во Мичиген, досега има заразено повеќе од 31.000 пациенти, додека 2.389 починале.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...