Веднаш после убиството тој се предал на полицијата и признал дека ги убил.

Објавил: admin@magazin | 6 октомври, 2019 18:31

ПЕТКРАТНО УБИСТВО ВО АВСТРИЈА: Ја убил поранешната девојка и нејзиното семејство!

Фото/Текст извор: ©магаѕин.мк

Австриската полиција соопшти дека го испитува убиството на пет лица во ски-центарот Китзбуехел.

Тешкото убиство се случило во текот на ноќта, изјави портпарол на регионалната полиција во Тирол. Осомничениот убиец е уапсен, јави австриската новинска агенција АПА, повикувајќи се на полиција.

Медиумите објавија дека убиецот бил 25-годишен маж кој влегол во семејниот дом на неговата поранешна девојка и убил пет лица – младата жена и нејзиното ново момче, како и нејзините родители и братот.

Веднаш после убиството тој се предал на полицијата и признал дека ги убил.

Само во првите три недели од оваа година се случиле пет убиства во Австрија, од кои сите жртви се жени.

Како што пренесе српската новинска агенција „Танјуг“, лани во Австрија регистрирани се 78 убиства, што е рекорден број.
Убиствата ги извршиле 41 лице од Австрија и 37 странци. Меѓу убијците кај странците најголем дел се од Србија и Косово, чиишто граѓани извршиле по седум убиства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...