Во Скопје немој да должите пари на никого затоа што може да ве "нема" па МВР да покрене кривична пријава по еден месец

Објавил: Мартин Попоски | 22 август, 2018 15:00

Петмина скопјани грабнале маж поради долг

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(39) – Д.П.(40) – А.Ј.(28) – А.Н.(30) и Ж.М.(35) сите од Скопје за сторено кривично дело “грабнување”.

На 19-ти јуни околу 09:00 часот во кафе бар во Скопје пријавените договориле средба со 45-годишниот М.К. од Скопје со цел да разговараат за неговиот паричен долг од 7.300 евра кон првопријавениот.

На средбата истите веднаш почнале да му се заканувааат на оштетениот дека доколку не го исплати долгот во износ од 100.000 евра ќе мора да ги препише куќата и станот на што оштетениот не се согласил по што насилно го внеле во патничко возило “Голф 6” и се упатиле во село Зелениково каде физички го нападнале.

Потоа го однеле во кафе барот а од таму го пренеле во стан во Ѓорче Петров и го држеле до 06:00 часот кога оштетениот успеал да побегне од станот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести