Петрески и Гацов: Не сме дел од тимот на министерката Ангелоска

Објавил: Узунов Бобан | 16 септември, 2019 13:54

Петрески и Гацов: Не сме дел од кабинетот на министерката Ангеловска

Фото/Текст извор: ©магазин

 

Павле Гацов, даночен експерт и професорот Марјан Петрески на своите Фејсбук профили го појаснија ангажманот во Министерството за финансии, откако беше објавено дека се дел од кабинетот на министерката за финансии Нина Ангеловска.

И двајцата експерти велат дека не се дел од кабинетот туку дека се ангажирани за експертици.

„Не сум бил дел од кабинет на ниту еден министер досега, па ниту сега сум дел од кабинет. Да ги разјасниме нештата. Ангажманот е експертски со точно определен делокруг на експертиза (независна анализа на ефектите од применетите политики од фискалната сфера…)“, напиша Гацов.

Со слична содржина е и постот на Петрески.

„Јас не сум бил дел од кабинет на ниту еден министер досега, па не сум ниту сега. Ангажманот е надворешно-експертски со точно определен делокруг на експертиза (независна анализа на ефектите од политиките од фискалната сфера) со времетраење до 31.12.2019. Го прифатив бидејќи почитувам кога се цени домашна експертиза, но замолувам за адекватно известување. И, секако, го задржувам правото да продолжам да ги коментирам состојбите во економијата и економските политики на независен и објективен начин“, пишува Петрески.

Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил го објави својот тим. Машкиот дел од тимот се надворешни експерти ангажирани за определена  експертиза (независна анализа на ефектите од политиките од фискалната сфера) и од нејзиниот претходник Драган Тевдовски.

„Секогаш, секаде и се зависи од луѓето, од нивната волја, од нивниот потецијал, верба, напорна работа, интегритет, дух, енергија. Еден од предизвиците со кои се соочуваме во професионалната активност е да ги одбереме луѓето со кои ќе работиме, соработниците околу нас кои ќе ни бидат поддршка и ќе дадат совет, луѓето на кои можеме да се потпреме и со кои ќе сакаме да се бориме, да решаваме проблеми и да менуваме.

Верувам дека формирав професионален и енергичен тим, тим кој нема да прифаќа не, тоа не може без пред тоа да ги проба сите начини и креативни солуции. Тим кој е подготвен да ги стави сите свои капацитети во служба на државата, да се заложи максимално за да предизвика промени и да придонесе кон градењето на силна економија, прогрес кој ќе стои на цврсти нозе, кон подобрување на ефикасноста на нашето општество, кон елиминирање на административните стеги, кон продуктивно трошење на секој денар на граѓаните, кон креирање поволна клима за бизнисите, кон квалитетни услуги и пристап за сите граѓани, кон поквалитетен живот за сите нас. Тим кој има широки интердисциплнарни познавања и меѓународно искуство и кој ќе биде посветен на постојано унапредување на фискалната транспарентност и фискалната дисциплина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.