Сите сме заинтересирани за спас на ВМРО-ДПМНЕ, вели Петре Латиновски во интервју за Слободен печат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 август, 2020 10:25

Петре Латиновски за Слободен Печат: Само Мицкоски верува дека победил на изборите!

Фото/Текст извор: ©Слободен печат

Извршниот комитет е со истечен мандат, а поголем дел од членовите на Централниот комитет исто така се без мандат. Партијата е во лоша состојба и членството на терен се мобилизира за да се смени тоа. Сигурен сум дека ќе се собере неопходниот број на делегати за да се свика конгресот. Сите сме заинтересирани за спас на ВМРО-ДПМНЕ, вели Петре Латиновски во интервју за Слободен печат.

Деновиве се поактуелни и погласни се повиците од ваши членови, меѓу кои и Вие, за оставка на Христијан Мицкоски и свикување вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто токму сега оваа Иницијатива?

– Затоа што може да биде предоцна доколку чекаме да надвладее разумот и партиските над личните интереси. Доколку чекаме ова раководство да загуби уште едни избори, на ВМРО-ДПМНЕ може да му се случи хаварија. Партијата дополнително ќе се дефакторизира, а може да ги замислите последиците по Македонија. Видовме како СДСМ владее овие три години и не е тешко да се претпостави како ќе нагазат без силен опонент од другата страна. Иницијативата е неопходна и за партијата и за Македонија, бидејќи гледаме дека актуелното раководство, и покрај поразите во низа, и покрај тоа што на секој член му е јасно дека нешто не е во ред со ова раководство, упорно одбива да се соочи со одговорноста. Реално, претседателот Мицкоски имаше три години да остави печат во партијата и државата, но не повлече ниту еден чекор по кој ќе биде запаметен. Ниту политички, ниту кадровски. Време за губење веќе нема. Потребна е нова сила и енергија, потребно е повторно силно ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.