Петров воедно побара Јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против премиерот, министерот и пратениците кои гласаа за договорот и распишување на референдумот

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 21:22

Петров: Ги отфрламе резултатите од Референдумот, бараме оставка од Владата и вонредни избори

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Денес е голем ден, го одбранивме името и идентитетот. Со Македонија постоиме, без Македонија ќе не снема, изјави претседателот на Семакедонскиот конгрес, Тодор Петров, кој посочи дека ги отфрлаат резултатите од референдумот и бараат оставка од Владата.

Договорот со Грција е отфрлен со овој референдум. Според Уставот пратениците најмалку 2 години не можат да гласаат за договорот со Грција. – изјави од прославата пред Собранието, Тодор Петров.

Додаде дека спогодбата Димитров- Коѕијас претставува кривично дело што се казнува со затвор од најмалку 5 години и побара од јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против премиерот, министерот и пратениците кои гласаа за договорот и распишување на референдумот со конфискација на имотот.

Тој побара и обвинителен акт за поткупување за време на референдумот.

Бараме Владата да си поднесе оставка, Собранието да се распушти и да се оди на вонредни избори. – додаде Тодор Петров.

Петров ја изрази својата поддршка кон претседателот Ѓорге Иванов кој, како што рече, на говорот во Обединетите нации во вистинска слика ја претставил Македонија.

Предлагаме историско помирување со сите соседски држави, но под услов без меѓусебно мешање во внатрешноста на земјите и реципроцитет. Бараме Иванов да ја прогласи за ништовна спогодбата Димитров-Коѕијас и за тоа да ја извести меѓународната заедница. – рече Петров.

Претседателот на Семакедонскиот конгрес истакна дека ЕУ и НАТО не можат да го сменат името и нацијата на една држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...