На 9 декември 2020 година, премиерот Зоран Заев наводано разочаран од невозвратената љубов на Бојко Борисов, упати јавно обраќање во врска со бугарското вето за почеток на преговорите со Македонија за членство во Европската Унија.

Објавил: Владо Марин | 13 декември, 2020 1:03

Петров: ИМЕТО НА ДРЖАВАТА Е ИДЕНТИТЕТОТ НА НАРОДОТ- ИДЕНТИТЕТОТ НЕ Е САМО НАРОДОТ И ЈАЗИКОТ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Името на државата е идентитетот на народот! Затоа што по меѓународното право, националноста по автоматизам произлегува од името на државата! Идентитетот не е само народот и јазикот!

На 9 декември 2020 година, премиерот Зоран Заев наводано разочаран од невозвратената љубов на Бојко Борисов, упати јавно обраќање во врска со бугарското вето за почеток на преговорите со Македонија за членство во Европската Унија.

Во своето обраќање, премиерот Зоран Заев, меѓу другото, рече: “Почитуван Македонски народе, почитувани граѓани од сите заедници во /// Македонија, на сите ни е јасно, дека до овој момент Европската Унија не постигна согласност за прифаќање на преговарачката рамка за нашата земја. Оваа неодговорна грешка е горчлива вест за целата наша нација. На овој ден, се слуша големото разочарување кај сите нас во една издишка.

Бугарија стави вето, го прекрши Договорот за добрососедство и пријателство и со тоа застана на патот на нашата европска интеграција за која во повеќе наврати институциите на ЕУ и земјите-членки, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите. Тоа не е европски начин.

За жал, Бугарија не собра сила да се однесува европски. Бугарија дозволи, да испорача гест кој не покажува ни пријателство, ни братство. Ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ. Во 21 век, не е европски, ниту демократски, да му кажете на друг како да се чувствува, како да се самоопределува. Не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ.

Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати. За /// Македонија, за Македонскиот народ и за сите граѓани на нашата земја не се прифатливи овие услови. Затоа ние застанавме цврсто во одбрана на македонските национални интереси. Не дозволивме да се чепка во достоинството на македонскиот идентитет и во столбовите на идентитетот, а тоа се Македонскиот народ и Македонскиот јазик.

Нема да дозволиме ниту антифашистичкиот идентитет на нашата земја да биде загрозен и да биде доведен во прашање! Темелите на нашата државност се во антифашизмот на АСНОМ, како што темелите на нашиот идентитет се во Македонскиот народ и Македонскиот јазик. Тоа се нашите столбови од минатото.

Тоа се нашите столбови за иднината. Ние сме свои на своето. Чисти пред себе и пред светот. Знаеме кои сме и точно знаеме каде одиме. И точно знаеме за што смее, а за што не смее ниту да се преговара ниту да се разговара. Ние одбивме да преговараме за работи за кои не смее ни да се разговара! Преговори со ЕУ да, но не по цена на ревизија на македонскиот идентитет. Не под условите кои сега ги наметнува Бугарија.

Ние велиме – ДА за Европа и велиме НЕ – за уцени врз Македонскиот народ! И НЕ за уцени врз нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и сите други. Народе мој, Македонската држава е земја на пријателства и соживот. Како израз на историското паметење, стремежот за правда и неприкосновеноста на човековите права, сме знаеле и да простиме и да се извиниме во име на иднината.

Но, никогаш не сме посегнале по туѓото. Ние сме градители. И тоа е во нашата идентитетска карта како наш автентичен белег. Така денеска не препознава светот: Ние градиме пријателства. Ние сме светол пример за добрососедство. Ние никогаш не сме предизвикувале проблеми и никогаш нема да бидеме проблемот. Ние сме носители на решенијата. Тоа е нашиот победнички став. Затоа сите се на нашата страна. Пријателите се со нас и заедно со пријателите ќе одиме напред. Им оддаваме признание и благодарност на сите останати земји-членки на Европската Унија. Посебно признание и благодарност упатуваме до Сојузна Република Германија која во исклучително тешки времиња, во врвот на нејзиното претседавање со Унијата ги стави Буџетот на ЕУ, борбата против КОВИД-19 и проширувањето, со цел да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија како старт на преговорите за нашето членство во ЕУ.

За жал, процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ го запре Република Бугарија, од позиција на земја-членка. Станува збор за неодговорна и тешка геостратешка грешка. И добро е што нашите меѓународни пријатели и сојузници не ја премолчуваат оваа грешка. Не молчат нашите сојузници, бидејќи добро знаат, дека покажавме пријателство и добра волја со Бугарија.

Со искрени намери разговаравме за начинот како некои делови од нашата заедничка и испреплетена историја можат да бидат толкувани од двете страни на границата. Таквата мулти-перспективност на историјата, која е неспорна, сепак не смее да задира во универзалното право на идентитетско, јазично и културно самоопределување или самобитност.

Нашата совест е чиста. Целиот изминат период се водевме од принципите на максимална заштита на националните интереси и да не смее да се чепка во правото на самоопределување на Македонскиот народ. Да вложиме максимални напори за отворање на пристапните преговори со ЕУ во 2020 година, а притоа да ги унапредуваме добрососедските односи врз основа на взаемно разбирање и почитување.

Затоа сметаме дека причините за неодобрување на преговарачката рамка прават штета на фундаменталните принципи и вредности на Европската Унија. И се надеваме дека штетата што е предизвикана од ова неоправдано вето за европската интеграција на регионот и за европските вредности ќе може да се надомести бргу…“

Кога некој би го слушал или прочитал овој говор на Заев, без да знае што досега кажал и прелажал, би рекол државнички говор кој заслужува внимание и почит. Меѓутоа, реалноста е сосема поинаква од говоров на Заев. А, народот е сведок за голем број на лаги, неиспочитувани ветувања, лажни ветувања!

Не’ навлекоа во ирационален спор, од чиј епилог наводно зависи волјата на Софија, дали ќе даде согласност за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, или ќе стави вето доколку Македонија не ги прифати бугарските ултиматуми: Македонците до 1944 година се Бугари, Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик, во Бугарија нема Македонци, македонската историја до 1944 година е бугарска историја, Бугарите не се фашистички окуптатори врз Македонија и Македонскиот народ во Втората светска војна!

Поради критиките од останатите земји членки на Европската Унија, Софија наводно ретерира во ултимативната реторика, меѓутоа станува збор за вешта измама, за изнуда, повторно, со крајната цел: Да не’ (с)нема! Софија е опседната со Санстефанска Голема Бугарија, а Македонија е нејзина неизживеана романса, која ниту била, ниту ќе биде дел од таа фатаморгана!

Опијана од Санстефанска Бугарија, Софија демек широкограда, вели: Ние го почитуваме Вашето право на самоопределување, подготвени сме да прифатиме како се нарекувате и како го нарекувате јазикот што сакате да го зборувате. Ние сме подготвени да ја прифатиме сегашноста, но бараме Скопје да го прифати минатото! А, тоа минато е: Бараме да прифатете дека до 1944 година сте биле Бугари, дека Вашите корени се бугарски! Бугарската измама е во стилот, бараме да прифатете дека невестата е малку трудна, не е многу! Нема невеста малку или многу трудна, таа или е или не е трудна. А, ако е, чекајте го бебето после девет месеци, кое е неизбежно, после ќе ја думаме! Оваа перфидна игра на Софија НЕ ја прифаќаме!

Меѓутоа, друга е поентата на коментаров. Името на државата е идентитетот на народот! Затоа што по меѓународното право, националноста по автоматизам произлегува од името на државата! Идентитетот не е само народот и јазикот! Кога се вели “Имаме право на самоопределување“ не треба да се заборава дека правото на самоопределување не подразбира само право на име на народот и име на јазикот. Името на државата е идентитетот на народот! Правото на самоопределување подразбира право на име, народ, држава, култура и историја и тоа не во дисконтинуитет, туку во континуитет! Нам не ни треба софиското признавање на правото на самоопределување на име на народ и јазик од 1944 година! Македонци не станавме од 1944 како што Софија посакува, притоа да признаеме дека сме биле Бугари до таа година! Македонци сме од секогаш за секогаш! Македонскиот јазик не постои од неговата кодификација како литературен македонски јазик, тоа е чин на службеност на државноста! Македонци сме од пред нашата ера до денес, Македонски зборуваме од пред нашата ера до денес во континуитет.

Во македонската историја не познава дисконтинуитет! Ниту сме дошле од зад Карпатите со трска в уста преку Дунав, па затоа што ја населивме територијата на Македонија се нарековме Македонци за да не не поистоветат за Срби, Бугари или Грци! Македонци сме затоа што од секогаш за секогаш сме овде во Македонија и затоа што сме Македонци ја нарековме нашата земја Македонија! За оваа вера не ми треба цертификат од Белград, Софија, Атина или Тирана, од Брисел и Стразбур! Нека си ја пишуваат тие историјата своја, во која сакаат да веруваат.

Некогаш во светот се нивелираат односите и разликите, но тоа не се прави од денес до утре, кој сака да му се паметат ѕверствата и злосторствата во историјата, затоа и ја ретушираат. Се ревидира односно се ресетира колективната меморија кај помалите народи, жртви на апетитите на големите, до некоја наредна војна, која повторно ја водат големите за сметка на малите!

Затоа, разликите во читањето на историјата се ирелевантни за народот и јазикот, не се важни за државноста и членството на државата во сојузи на држави и меѓународни организации!

Македонците се свесни дека Империјата Македонија не може да се супституира во Републиката Македонија! Сите сме биле делови на исти империи на овие простори и несомнено носиме исто или слично културно-историско наследство.

И иако во светот сме единствената држава со името Македонија, Ние, Македонците, макар и еднострано, декларираме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

Свесни дека во мултиполарниот свет, американскиот унилатерализам и европскиот центризам се трајно минато свршенио време, светот ниту започнува во Брисел ниту историјата таму завршува, Македонија го преферира активниот мултилатерализам, од пријатели никогаш доста, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Како и за сите, така и за Македонија важи правилото: Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси!

Историјата секогаш ја пишуваат победниците, најчесто окупаторите! Меѓутоа, историјата не е догма! Науката и слободата немаат граници, оттука и правото на самоопределување на народите. Робот не постои од денот на ослободувањето од окупаторот, робовладетелот, постоел и пред ропството, јазик имал на кој зборувал и во времето на ропство и пред ропството!

И затоа, ултиматумот на Софија поради злоупотреба на правото на вето во Европската Унија, за повампирување на Санстефанска Голема Бугарија, не може да ја промени историјата и вистината!

Се противиме на обидите на Софија за промена на македонската историја, ама како да заборавивме дека и друга комисија пишува нова политичка историја на Македонија со Грција. Заев со Спогодбата Димитров-Коѕиас на Атина и’ ја подари целата античка историја на Македонија до денес, ја заборави окупацијата врз Егејскиот дел на Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година и Букурешкиот договор од 10 август 1913 година! Никаква тајна не е, дека Атина до Балканските војни била под Олимп! До Балканските војни Македонија никогаш во историјата не била грчка! Атина за првпат во својата историја ја окупира Македонија во Балканските војни. На 31 декември 1912 година грчкиот крал Јоргос издава декрет на премиерот Венизелос “Да воспостави времена управа во окупираните територии на Македонија!“

Затоа, после велепредавството со Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, со кои Македонија од држава треба да стане територија без народ и историја, чии администратори би биле Софија и Атина, неизбежно е нивно итно раскинување, па поништување и се разбира итно распуштање на комисиите со владите во Софија и Атина за ревизија на македонската историја, затоа што не сме под нивна окупација! Смрт на фашизмот, слобода на народот! Никогаш северна, само Македонија!

Пишува: Тодор Петров

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...