СМК повторува, дека Македонците никогаш не биле, не се и нема да бидат Бугари, ниту било кога ќе прифатат таква конструкција од кујната на Заев и Борисов заради членство во Европската Унија!

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 октомври, 2020 4:57

ПЕТРОВ: Договорот Заев-Борисов е велепредавство на нацијата и државата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

БУГАРСКАТА АГРЕСИЈА ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ И МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА!

25 октомври 2020 година, Софија, Бугарија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со огорченост го отфрла коментарот на поранешниот бугарски амбасадор во Македонија (2001-2005), Александар Јорданов, сега европратеник, на неговиот фејсбук профил од 19 октомври, дека “Македонците се Бугари, без таа вистина за нив нема Европска Унија“ и “заедничката историја создава само еден заеднички народ“, како експресија на ставот и на политиката и на науката во Република Бугарија!

СМК повторува, дека Македонците никогаш не биле, не се и нема да бидат Бугари, ниту било кога ќе прифатат таква конструкција од кујната на Заев и Борисов заради членство во Европската Унија!

Македонскиот народ е достоен народ со свој јазик, култура, традиции, обичаи, историја, територија и Црква, Македонците никогаш нема да прифатат нова политичка историја за Македонија и за Македонскиот народ во целина!

СМК го отфрла мислењето на Александар Јорданов дека “Илинденското востание е бугарско“ и дека “меѓу Македонците и Бугарите никогаш немало војна затоа што се еден и ист народ!“

СМК повторува дека Илинденското востание е македонско востание независно на кој дел од Македонскиот полуостров се кренало!

СМК, исто така, потсетува дека Софија во Втората Светска Војна повторно ја окупира Македонија (1941-1944) и изврши ѕверства врз Македонскиот народ на целата нејзина територија, а како израз на верноста кон Адолф Хитлер и Бенито Мусолини изврши депортација на сите Евреи од Македонија во концентрациониот логор Треблинка во Полска!

СМК ја потсетува Софија дека на 22 февруари 1943 година, германскиот ополномошник и бугарскиот комесар за еврејски прашања потпишуваат договор за депортирање на “20 илјади Евреи во германските источни олбасти“. На 4 март 1943 година започнува депортацијата на над 4 илјади Евреи од северна Грција, а на 10 март во концлогорот Треблинка во Полска се депортираат 7.144 Евреи од Вардарска Македонија, околу 500 од жртвите бебиња на возраст до една година. Истовремено, требало да започне и депортацијата на околу 9 илјади Евреи од “старите“ територии на Бугарија. Од Софија се протерани околу 20.000 Евреи кои биле речиси 10% од вкупниот број жители на главниот град на Бугарија!

СМК потенцира, дека и со ваков каков што е, Софија врши флагрантно кршење на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, затоа што декларацијата “заедничка историја“ во преамбулата на Договорот и “заедничко чествување на заеднички историски настани и личности“ во членот 8 од Договорот не значи дека “Македонците се Бугари“ како што Софија толкува, ниту тоа и’ дава право на Софија да напише нова политичка историја за Македонија и за Македонскиот народ според Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година после Руско-Рурската војна во 1877-1878 година. Со Санстефанскиот мировен договор Москва креира “Сан Стефанска Бугарија од Охрид до Црното Море и од Дунав до Егејското Море“ како обид да ја реши таканаречената Источна криза во своја корист: Преку Бугарија и Македонија да излезе на Егејското и Средоземното Море!

СМК истовремено потсетува, дека после ревидирањето на Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година со Берлинскиот договор од 13 јуни до 13 јули 1878 година, членот 23 од Берлиснкиот договор утврдил обврска Високата Порта на Отоманската Империја да органзиира автономија на Македонија во нејзините етно-историски граници со Устав, гувернер и командант, каков што бил статусот и на Крит во рамките на Отоманската Империја!

Намерата на Високата Порта во Цариград да ја реализира обврската од членот 23 од Берлинскиот договор, ја пресретнуваат Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора со војна против Отоманската Империја за наводно “ослободување“ на Македонија со Првата Балканска војна 1912 година. Откако ја “ослободиле“ Македонија, Првата Балканска Војна продолжува со Втората Балканска војна 1913 година меѓу земјите учеснички во Првата Балканска војна, со единствена цел кој ќе приграби поголем дел од Македонија.

За жал, со Букурешкиот мировен договор од 10 август 1913 година, Егејскиот дел на Македонија со површина од 34.356 км2 го добива Грција, Вардарскиот дел на Македонија со површина од 25.342 км2 го добива Србија, Пиринскиот дел на Македонија со површина од 6.798 км2 го добива Бугарија, а Албанија добива 1.115 км2 во Западниот дел на Македонија. Оттогаш, со окупацијата врз Македонија, започнува период на етничко чистење и геноцид врз Македонскиот народ во сите окупирани делови на Македонија од Србија, Бугарија и Грција кој во Бугарија и Грција трае до денес.

СМК го отфрла Договорот Заев-Борисов како обид за легализација на Букурешкиот мировен договор! Бугарија никогаш не била ослободител ниту на Македонскиот народ ниту на Македонија!

За Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, Договорот Заев-Борисов е велепредавство на нацијата и државата, затоа што претставува обид Македонија од држава да стане територија без народ и историја, со статус на Софија како администратор врз територијата на државата Македонија!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, бараат безусловно раскинување на Договорот Заев-Борисов и безусловно распуштање на таканаречената “Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“, која пишува нова политичка историја на Македонија и Македонскиот народ според територијалните претензии на Софија за повампирување на Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, засега не можат да ја сменат историјата на Софија за Санстефанска Бугарија, но отфрлаат историјата на државата Бугарија и Бугарската нација од 1878 година да биде историја и на Македонија и на Македонскиот народ со корени во Татарстан, Кина и Монголија!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, ја прифаќаат геополитичката карта на Македонскиот полуостров од 19 век, ги перцепираат балканските демоси како современи политички нации со сопствена културна идентификација, но декларираат дека историјата и културата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

И покрај историските хипотеки од Првата Балканска Војна 1912 година, Втората Балканска Војна 1913 година, Првата Светска Војна 1914-1918 година и Втората Светска Војна 1939-1945 година, Македонците: (1) не се откажуваат од универзалното веќе апсолвирано право на самоопределување и самоидентификација до сопствена Македонска држава со сопствена историја, (2) бараат извинување и репарации од соседните метрополи за сите општествени и историски неправди и злосторства врз Македонците, и (3) предлагаат декларации за историско помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство меѓу државата Македонија и соседните држави!

Никогаш Северна, само Македонија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...