Пожарникарите  целосно го изгаснаа пожарот што попладнево избувна во стан во населбата Карпош. Интервенцијата на 15 пожарникари кои на терен беа со 5 возила, траеше околу половина час. Во пожарот повредени лица нема, а причинета е материјална

Објавил: Весна Петровска | 8 декември, 2019 15:32

Пет пожарни интервенира на Рузвелтова: Изгоре стан во Скопје

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Гореше стан на улицата Рузвелтова во Скопје.

Пожарникарите  целосно го изгаснаа пожарот што попладнево избувна во стан во населбата Карпош. Интервенцијата на 15 пожарникари кои на терен беа со 5 возила, траеше околу половина час. Во пожарот повредени лица нема, а причинета е материјална

„Пожар избувна денеска во стан на петти кат во зграда на улицата „Рузвелтова” во Скопје. Со брза интервенција на пожарникарите пожарот целосно е изгаснат”, изјави командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Се чека да се спушти правот за да може пожарникарите да ги симнат станарите од соседните станови, на кои не им беше дозволено да се движат по скалите се додека пожарникарите не ја стабилизираа состојбата.

Дојавата дека има пожар екипата ја добила во 13,30 часот и веднаш се упатиле на терен. Пожарот целосно е изгаснат.

Според првичните, неофицијални информации огнот избувнал поради невнимание при готвење и брзо се проширил во кујната, па и низ целиот стан.

Противпожарната екипа успеала да спречи огнот да ги зафати и останатите станови во зградата.

Станот во кој се интервенираше е изгорен, а официјалните причини за настанување на пожарот ќе се знаат откако ќе биде завршен увидот на терен кој е во тек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...