Совршен начин за подготовка на риба.

Објавил: admin@magazin | 6 мај, 2019 22:40

Печена Охридска пастрмка со лук!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Протеините кои ги содржи рибата се единствени и во целост се разликуваат од протеините во животинското месо. Затоа е многу важно да се консумира риба во секојдневниот живот.

Рибните мускули содржат најмалку колаген (3%), за разлика од животинското месо кое содржи дури 16% колаген. Совршената температура за подготовка на рибата е помеѓу 51°C и 60°C.
Нема ништо подобро од совршено подготвена риба и ништо полошо од сува, препечена риба.

Охридска пастрмка е ендемска слатководна риба што живее во Охридското Езеро, а припаѓа на семејството пастрмките. Неколку локални називи се летница, струшка пастрмка, охридска белвица. Максималната должина се движи од 25 до 60 см, а тежина до 15,8 кг. Се мрести од март до мај.

Состојки

1кг чистена Охридска пастрмка

1/2 китка магдонос

2 чешниња лук

вкус сол по потреба

брашно по потреба

зејтин

Подготовка:

Решетката за печење ставете ја во горната третина од рерната. Во тавата во која ќе печете ставете малку зејтин, минимално колку да го покрие дното на тавата. Магдоносот измијте го и одстранете му ги рачките.

Лукчињата исчистете ги и исечкајте ги на четвртинки. Ако рибата е замрзната најпрво одмрзнете ја, потоа измијте ја под млаз ладна вода и исушете ја со кујнска хартија. Посолете ја внатре и од надвор, најубаво со крупна сол (јас овојпат немав па и обичната, ситна кујнска сол заврши работа). Рибите наполнете ги со магдонос и лук.

Извалкајте ги убаво во брашно и редете ги во плехот. Се печат од секоја страна по 15 минути.
Напомена Секоја рерна различно пече, затоа надгледувајте го печењето, можеби ќе треба температурата да ја регулирате или времето на печење да го продолжите/скратите. Не ставајте многу зејтин во тавата инаку рибата наместо да се испече, ќе се вари во зејтин. Рибата може да ја наполните со вашите омилени зачини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.