Општина Охрид упатува јавна осуда до сторителите на вакви еколошки престапи и најавува засилени инспекциските контроли на терен, со цел да се спречат и санкционираат сторителите.

Објавил: Перо Милчин | 6 јуни, 2021 15:54

Пештани загаден во отпад: Вонредно чистење и подигнување на големи количини на кабаст отпад

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” рано утринава извршија вонредно чистење и подигнување на големи количини на кабаст отпад кој несовесни граѓани го исфрлиле на несоодветни локации во селото Пештани.

Ова не е прв случај на несоодветно депонирање на отпад од страна на граѓаните. Екипите на претпријатието секојдневно подигнуваат кабаст отпад и од други јавни локации во градот и приградските населби.

Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” рано утринава извршија вонредно чистење и подигнување на големи количини на кабаст отпад!

Општина Охрид упатува јавна осуда до сторителите на вакви еколошки престапи и најавува засилени инспекциските контроли на терен, со цел да се спречат и санкционираат сторителите.

Се упатува апел до граѓаните да покажат повисоко ниво на еколошка свест и да не го исфрлаат отпадот на несоодветни локации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.