четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Веста одекна во јавноста а никому не му се веруваше дека може да се случи такво нешто.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јуни, 2019 17:12

Пејачката претрпе шок: Го тужи зетот бидејќи ја ограбил

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка Милица Тодоровиќ е во шок и неверување откако како гром од ведро небо и дојде веста дека зетот ја ограбил.

Милица, Јована, зетот Војо и нејзиниот внук

Веста одекна во јавноста а никому не му се веруваше дека може да се случи такво нешто. Пејачката Милица Тодоровиќ решила да го тужи својот зет за сестра кој всушност беше и нејзин долгогодишен менаџер.

Како што пренесуваат српските медиуми Милица решила д ане разговара ниту со својата сестра, таа глевна на зетот за кој тврди дека ја ограбил сега е лута и на својата сестра со која пак беа многу блиски.

Јована е постара сестра на Милица и секогаш била нејзина најголема поддршка.

Сексапилната пејачка, не сакала ништо да изјави за медиумите во врска со случајот , додека пак зетот изјавил дека сето тоа во медиумите е лага.

-Ништо не коментирам околу семејните односи и не сакам да давам никаква изјава, вели Милица.

Додека пејачката се воздржа од коментар нејзиниот зет Војо остро демантираше за било какво крадење и судење.

-Не знам за што зборувате, тоа не е вистина. Се е во ред, вели Војо за српски Телеграф.рс.

Станува збор за 60 илјади евра кои наводно Војо и ги прикрил на пејачката и ги земал за себе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.