Одредени корисници на социјални мрежи ги замениле идентитетите на двете лица

Објавил: Узунов Бобан | 28 март, 2019 12:23

Пејачката Татјана Лазаревска добива закани по живот за терористичкиот напад во Нов Зеланд

Фото/Текст извор: ©магазин

Фејсбук статусот на Татјана Лазаровска ангажирана како професионален војник во артилериската единица на АРМ, која напиша дека напаѓачот од Нов Зеланд одговорен за масакрот во две џамии каде беа убиени 50 луѓе, заслужува да добие Нобелова награда наиде на остри критики во јавноста. 

 Фејсбук статусот на професионалниот војник од АРМ кој ја вознемири македонската јавност.

Од дисциплинската комисија од Генералштабот изјавија дека веќе се води дисциплинска постапка за војникот Татјана Лазаревска, но на мета на напади е и фолк пејачката која го носи истото име и презиме Татјана Лазаревска. 

 „МОРАМ ЈАВНО ДА ВИ СЕ ОБРАТАМ И ДА КАЖАМ ДЕКА ЛИЦЕТО ТАТЈАНА ЛАЗАРОВСКА ВО ДОЛЕ НАВЕДЕНИОТ ТЕКСТ АПСОЛУТНО НЕ СУМ ЈАС, ЗА ОНИЕ КОИ ПОГРЕШНО РАЗБРАЛЕ… ЈАС СУМ САМО ЕСТРАДЕН УМЕТНИК КОЈ НЕ ЈА ДЕЛИ СВОЈАТА ПУБЛИКА И КОЈ НЕ ГО ИНТЕРЕСИРА ПОЛИТИКА ВООПШТО… ЗАРАДИ СОВПАЃАЊЕ СО ИМЕТО И НЕДОВОЛНО РАЗБИРАЊЕ НА ТЕКСТОТ ПОЧНАВ ДА ДОБИВАМ И ПРЕТЕЧКИ ПОРАКИ, КОИ МНОГУ МЕ ВОЗНЕМИРИЈА…. ЈАС СУМ СЕКОГАШ ПРОТИВ ЈАВЕН ГОВОР НА ОМРАЗА… ШИРЕТЕ ЉУБОВ, А НЕ ОМРАЗА… ВИ БЛАГОДАРАМ“-фејсбук статус на пејачката Татјана Лазаревска.

Ссличностa во презимињата предизвикала забуна кај одредени корисници на социјалните мрежи па дошло до замена на идентитетот на личноста, при што војникот Татјана ја замениле со пејачката Татјана, која почнала да добива закани, во вид на заканувачки пораки по живот преку социјалните мрежи на своите интернет профили од непознати лица.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.