Во несреќата еден од двајцата пилоти успешно се катапултирал додека причинета е и огромна материјална штета

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 август, 2018 14:00

Пилотот загина при пад на грчки воен авион

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пилотот го загуби животот, а копилотот успеа да го преживее падот на авионот за обука на грчкото воено воздухопловство за време на специјална вежба помеѓу грчките градови Триполи и Спарта на полуостровот Пелопонез.

Како што соопшти военото воздухопловство на Грција, во 8 часот и 50 минути утрово, пилотот и копилотот го напуштиле авионот. Копилотот употребил падобран и преживеал, додека пак пилотот Николаос Василиу бил пронајден мртов во делот каде што паднал авионот.

И двајцата пилоти биле со големо искуство со околу 2500 часови лет.

Причините за несреќата за сега се непознати, а Генералштабот на военото воздухопловство на Грција назначи експертска комисија за да се истражат околностите под кои урна авионот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.