Заев не крие дека поважно за Референдумот е што мислат оние кои го измислија а не народот на Македонија кој се повикува на истиот консултативно да гласа

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 6:19

Пинки го виде Тито – Заев се слушна со Меркел

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот на Македонија и претседател на СДСМ Зоран Заев по телефонскиот разговор со германката канцеларка Ангела Меркел се пофали на Фејсбук дека добил поддршка за претстојниот Референдум иако не е сосема јасно каква улога има Германија во изјаснувањето на електоратот на Република Македонија по Законот за Референдум?

Во трагикомичното соопштение на Заев на социјалните мрежи стои дека ја информирал Меркел до каде сме со подготовките на Референдумот.

“Попладнево имав телефонски разговор со канцеларката на СР Германија Ангела која ни даде поддршка за напорите за зајакнување на евроатлантските перспективи како и за постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција којшто го решава долгогодишниот спор што беше главна пречка за членството на Република Македонија во ЕУ и во НАТО.

Ја информирав за следните чекори – подготовките за претстојниот референдум. Владата е силно посветена на организирањето фер – демократски и транспарентни услови за реализација на демократското изјаснување на граѓаните.

Продолжуваме активно со реформските напори што одат во насока на исполнување на условите од заклучоците на Европскиот совет во јуни 2018 година – особено во делот на владеењето на правото – борбата против корупцијата и криминалот – како и реформите во јавната администрација и разузнавачките служби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...