Предлог за вкусен рецепт за утрешниот ден!

Објавил: admin@magazin | 29 септември, 2019 21:56

ПИТА СО ГРОЗЈЕ!

Фото/Текст извор: ©готви.мк

Овој едноставен рецепт е совршен за доручек.

Доколку мислевте дека од грозје не може да се направи пита, денес ви донесуваме еден таков рецепт. Пробајте, навистина е вкусна.

Освен со грозје, ви препорачуваме да подготвите пита со јаболка, суво грозје и пита со ореви.

Состојки:

500 гр кори за пита
300 гр грозје по избор
200 мл масло
300 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Плехот за печење посипете го со малку масло, ставете кора, на неа повторно малку масло и шеќер. Така и на втората кора, а на третата ставете измешан обичен и ванилин шеќер со грозје.

Постапката повторувајте ја додека има кори водејќи сметка питата да ја завршите само со една кора. Печете на 200 степени 15 минути. Пред послужување посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.