Вкупно 28 трилиони тони мраз исчезнале од површината на планетата Земја од 1994 година, а овие податоци ги добиле британски научници кои користеле сателити за да ја истражат површината на Земјата.
Научниците од универзитетите во Лидс, Единбург и Лондон ја опишаа количината на загуба на мраз со зборот „зашеметување“, пишува „Гардијан“.
„Ако глечерите и ледените плочи продолжат да се топат со оваа брзина, секоја сантиметарска пораст на нивото на морето ќе значи дека околу еден милион луѓе ќе бидат раселени од нивните домови“, објасни професорот Енди Шефард од Универзитетот во Лидс.
Научниците посочуваат дека топењето на мразот во овие количини сериозно ја намалува можноста на Земјата да го одрази сончевото зрачење назад во вселената.
Мразот исчезнува, а морето или земјата изложена под него апсорбира сè повеќе топлина, со што се зголемува затоплувањето на планетата.
“Во минатото, истражувачите проучувале само одредени области, како што се Антарктикот или Гренланд, набудувајќи каде и колку се топи мразот. Ова е првпат некој да ја проучи целата површина на земјата. Она што го најдовме остави без зборови”, рече Шефард.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.