И покрај топлата есен, скопјани повторно ќе се соочат со традиционалното енормно загадување на воздухот во зимскиот период, кој за Шилегов беше предизборен приоритет

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 9:45

ПМ 10 честичките скокнаа на 200 микрограми на метар кубен, Скопје пак се гуши

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Град Скопје, особено градоначалникот Шилегов и оваа зима ќе ги остават скопјани само да се снаоѓаат како да преживеат од енормно загаденот воздух.

Имено и по една година власт на скопскиот градоначалник Петре Шилегов очигледно нема ништо од справувањата со загадувањето во Скопје, а граѓаните се се повеќе револтирани од овој проблем кој допрва следува.

Овие денови Скопје повторно е загадено иако грејната сезона се уште не е целосно започната.

Во моментов Скопје е загадено, а тоа го покажуваат мерните станици за квалитетот на воздухот.

Најзагадено е кај ректоратот каде ПМ 10 честичките се на високи 200 микрограми на метар кубен, потоа следуваа скопско Миладиновци каде загадениот воздух изнесува 155 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, па потоа следува Бутел со 105 микрограми на кубен ПМ 10 честички.

* ПМ честички се ситни честички (тврди или течни) што се присутни во воздухот.

Некои покрупни честички како што се прашина можат да се видат со око, но поситните честични можат да се видат само под микроскоп.

ПМ честичките се мерат во микрометри или скратено микрони.

Обликот материјалот и дистрибуцијата на облик и маса од кој што се изградени драстично варира од регион до регион и од период до период.

Во урбаните средини, ПМ честичките можат да битат од најразлична природа во себе вклучувајќи и разни хемикалии и отрови штетни поздравје.

Во ПМ честички спаѓа и поленот (до 100 микрони) кој е една од причините за пролетни алергии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.