Победа на провинциското крило во СДСМ

Објавил: Узунов Бобан | 13 февруари, 2019 7:28

Победа на провинциското крило во СДСМ, дали скопското крило ќе го предложи кандидатот за претседател ?

Фото/Текст извор: ©магазин

СДСМ одлучи дека нема потреба од предвремени парламентарни избори, а одлуката е донесена вечерва на седницата на Извршниот одбор (ИО), соопшти доцна вечерта портпаролот на партијата Костадин Костадинов.

„Република Северна Македонија ја очекуваат кристално чисти, фер и демократски претседателски избори на кои ќе победи СДСМ. Избори на кои ќе изгуби ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните бараат резултати во реформите, во економијата. Одговорна партија не мисли на предвремени парламентарни избори, дури и кога рејтингот и е повисок од оној на опозицијата. Веќе сме во НАТО, и одговорна партија не би го загрозила датумот за отворање преговори со ЕУ, не би ги застанала реформите со предвремени избори“, рече Костадинов. 

Оливер Спасовски важи за близок човек на Зоран Заев и според партиски избори сериозен кандидат за претседател. Големиот број на скандали кои се случија во Министерството за внатрешни работи беа муниција искористена против него од страна на крилото на Шеќеринска во внатрепартиската битка за влијание. Одлуката на СДСМ да нема предвремени парламентарни избори за што инсистираше скопското крило веројатно ќе биде компензирана со нивни предлог за претседателски кандидат

ВМРО ДПМНЕ бараше предвремени парламентарни избори напролет заедно со претседателските избори.

Костадинов кажа дека ИО го овластил лидерот Зоран Заев да отвори разговори со (вон)парламентарните партии за да дојдат до единствен, заеднички консензуален кандидат за престојните претседателски избори.

Тој рече и дека на овој состанок на се отвори прашањето за промена на името на партијата во делот „на Македонија“ , согласно промената на името на државата во Република Северна Македонија, иако Заев пред почетокот на состанокот рече дека ќе се разговара и за таква можност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести