Студеното време носи настинки, вируси и неизбежна кашлица. Ретки се луѓето во зима што немаат проблеми со оваа непријатна последица на вирусни или бактериски инфекции на дишните патишта.

Објавил: admin@magazin | 21 март, 2022 4:17

Победи го грипот со природен лек, грипот може да биде фатален!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Студеното време носи настинки, вируси и неизбежна кашлица. Ретки се луѓето во зима што немаат проблеми со оваа непријатна последица на вирусни или бактериски инфекции на дишните патишта. Но сето тоа го знаеме а како да го победиме грипот кој пак знае да биде многу опасен, посебно кај хронично болни лица со стрес, намален имунитет и секако постари лица.

Ова се неколку совети:

Изгорен шеќер со млеко

Изгорен шеќер со млеко

Ставете го шеќерот во голема чинија. Шеќерот полека се загрева, малку тресете го додека не се стопи и не добие светло-кафена боја, но не смее да потемни. истурете го млекото врз стопениот шеќер и нека се вари полека додека карамелизиран шеќер тотално не се раствори. Пијте го овој топол напиток најмалку двапати на ден.

Помага при исфрлање на шлајмот

Мед и лимон

За да се спречи кашлањето, помага и мед со сок од лимон. Тоа помага при кашлање и исфрлање на шлајмот и е поефикасно од повеќето лекови за кашлица и сирупи. Во топла вода, додајте една кафена лажичка мед и три лажички сок од лимон. Од овој напиток може да пиете неколку пати на ден. Медот ќе ви помогне да ја исчистите вашата секреција на белите дробови.

 

Рецепт за смирување кашлица

Рецепт за смирување кашлица

Сварете една чаша млеко и додадете лажичка путер и лажичка мед. Додадете полски жолчки и малку сода бикарбона. Овој напиток треба да се пие додека е топол и исклучиво пред спиење.

Чај од ѓумбир

Чај од ѓумбир

Чајот од ѓумбир помага при кашлање и отворање на дишните патишта. За да го направите овој чај, внесете 12 ѓумбир прстени во сад од шест децилитри вода, варете го на лесен оган едно дваесет минути и отстранете го од печката. Исцедете го, додајте една лажица мед и две лажички свежо исцеден сок од лимон. Пијте неколку чаши дневно. Исто така можете да земете и џвакате свеж ѓумбир за да ја намалите кашлицата.

Чај од слез

Чај од слез

Овој чај го обвива грлото со заштитен слој и ја разредува слузата, што го олеснува кашлањето. За секоја чаша чај, користете две лажички сув прашок од слез. Се препорачува да пиете три чаши дневно.

Природен сируп од морков

Сируп од моркови и мед

Исчистете половина килограм моркови, исечете ги како прстени и ставете ги во чаша вода. Сето тоа варете го на лесен оган се додека не се омекне морковот, а потоа исечете го морков со мешалка или пак за побрзо ставете во блендер. Во топлата вода каде што се вареа морковите, додадете пет лажици мед и измешајте ги со кашата од моркови. Ставете го во стаклена чинија и чувајте го на ладно место. Сирупот од моркови ја ублажува кашлицата веднаш и се препорачува да се земат 3-4 супени лажици дневно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.