Двата италијански гиганти Јувентус и Интер ја оправдаа фаворитската улога и на гостински терен ги совладаа нивните конкуренти во италијанската Калчо лига.
Јувентус со резултат од 2:1 ја совлада Парма со головите на Манџукиќ и Матуиди. За старата дама играше и еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо и ова е трет настап за него но за сега се уште не се запишал на листата на стрелците.
Од друга страна, Интер од милано беше многу поубедлив и со 3:0 ја совлада Болоња, ова беше и прва победа на Интер откако во петходните две кола еднаш изгуби и еднаш ремизираше.
Табела: Јувентус 9 (со натпревар повеќе), Наполи 6, Спал 6, Атланта 4, Интер 4…
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.