На пример, една недела со 40 работни часа може да се направи за четири дена од 10 часа наместо за пет дена со осум часа работа.

Белгијците го воведоа затоа што им овозможува на работниците поголема флексибилност, слобода и баланс помеѓу деловниот и приватниот живот.

Според истражувањето, 71 отсто од Германците би сакале ваков модел и во Германија, на што се противат 22 отсто од испитаниците.

„Белгискиот модел“ има најголема поддршка, 81 отсто, кај возрасната група од 30 до 44 години, а кај високообразованите со 75 отсто.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 февруари, 2022 6:56

Повеќето Германци се за четиридневна работна недела

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Повеќето Германци би сакале четиридневна работна недела под услов бројот на работни часови да остане ист, според истражувањето на институтот Форса и РТЛ.

Тоа е модел неодамна усвоен во Белгија. Вработените можат да изберат да работат четири или пет дена во неделата, но нивното неделно работно време не се менува.

На пример, една недела со 40 работни часа може да се направи за четири дена од 10 часа наместо за пет дена со осум часа работа.

Белгијците го воведоа затоа што им овозможува на работниците поголема флексибилност, слобода и баланс помеѓу деловниот и приватниот живот.

Според истражувањето, 71 отсто од Германците би сакале ваков модел и во Германија, на што се противат 22 отсто од испитаниците.

„Белгискиот модел“ има најголема поддршка, 81 отсто, кај возрасната група од 30 до 44 години, а кај високообразованите со 75 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.