Голем дел од вработените во двете бази се од Куманово. Дел од нив се подготвуваат за враќање дома или на одмор или поради прекин на работниот однос со фирмата КБР.

Објавил: Весна Петровска | 8 јануари, 2020 22:17

Повеќе десетици Македонци се во двете нападнати бази во Ирак

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во базите Аин ал Асад и Ербил во моментот се наоѓаат повеќе десетици македонски граѓани кои работат во американската компанија КБР која обезбедува цивилна логистичка поддршка на армијата на САД, пренесува Телма.

Според информациите никој од нив не е повреден иако се вознемирени по жестокиот напад од Иран врз двете американски бази.

Неколку часа пред нападот поради прогласена тревога од највисок степен, вработените во базите биле префрлени во бункерите кои служат како скривници пред евентуални воздушни или ракетни напади.

Голем дел од вработените во двете бази се од Куманово. Дел од нив се подготвуваат за враќање дома или на одмор или поради прекин на работниот однос со фирмата КБР.

Во моментот нема тревога, а за транспорт кон Македонија се чека потполно смирување на состојбата бидејќи бомбардираната база Ербил служи како транзитен аеродром за припадниците на американската армија како и за вработените во воените бази.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.