Иако голем број американски држави дозволуваат лишување од пензија на осуденици за кривични дела поврзани со нивната работа, тоа не е случај во Минесота.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јуни, 2020 13:29

Повеќе од милион долари на сметка: Полицаецот кој го уби Флојд може да добие вредна пензија, дури и ако биде осуден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот полицаец во Минеаполис Дерек Ковин, кој е обвинет за убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на бруталното апсење на 25 мај, може да добие пензија во висина од повеќе од милион долари, дури и ако е осуден за убиство, пишува Си-Ен-Ен.

Тројца други полицајци вклучени во инцидентот се отпуштени и се соочуваат со обвиненија. Но, Ковин сепак може да добие пензија, која делумно се заснова на плаќања на даночни обврзници.

Иако голем број американски држави дозволуваат лишување од пензија на осуденици за кривични дела поврзани со нивната работа, тоа не е случај во Минесота.
Здружението на Минесота за пензија на јавни службеници потврди за Си-Ен-Ен дека Ковин (44) може да аплицира за пензија на возраст од 50 години.

Голем број фактори се користат за пресметување на исплати за пензија, а Ковин веројатно би можел да добие 50 000 УСД годишно или повеќе, ако плаќањето започне на возраст од 55 години.

За време на 30-годишен период, таа сума би можела да достигне 1,5 милиони долари или повеќе, не вклучувајќи зголемување на трошоците за живот. Оваа сума може да биде уште поголема ако собере значителна сума прекувремено со текот на времето, објави Си-Ен-Ен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.