Оние кои пристигаат најчесто се жени, деца или стари лица, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски забрани мажи на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата.

Објавил: Мартин Попоски | 1 март, 2022 7:14

Повеќе од половина милион бегалци ја напуштиле Украина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Преку 500.000 луѓе ја напуштија Украина по почетокот на воената инвазија на Русија која започна пред четири дена, соопштија од Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР).

Дел од нив пешачеле километри низ ноќта, додека други ја напуштиле земјата со воз, автомобил или автобус, формирајќи километарски редици на граничните премини со соседните држави Полска, Молдавија, Унгарија, Романија и Словачка. Дел од бегалците стигнале и во Белорусија, пренесе Еуроњуз.

Оние кои пристигаат најчесто се жени, деца или стари лица, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски забрани мажи на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата.

Вчера УНХЦР информираше дека 45.200 бегалци пристигнале во Полска за само 15 часа.

Портпаролот  на Агенцијата, Крис Мелцер, изјави дека имало редици од 14 километри на полско-украинската граница и се чекало и по 40 часа за премин. Од УНХЦР очекуваат дека околу четири милиони Украинци можат да ја напуштат државата доколку ситуацијата дополнително се влоши.

Во споредба со другите воени конфликти низ светот, рускиот напад на нивниот западен сосед предизвика голема поддршка за бегалците од Украина. Дури и државите како Полска и Унгарија, кои беа противници на прифаќањето бегалци од Блискиот Исток и Африка им посакаа добредојде на украинските граѓани.

Полска соопшти дека нивната граница за Украинците е отворена дури и за оние кои немаат официјални документи, а ги укина и барањата кон нив за негативен КОВИД-19 тест за влез во земјата.

Истовремено унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кој е меѓу водечките политичари со анти-мигрантска идеологија, отпатува до пограничниот град Берегсурањи, каде изјави дека ќе ги прифатат сите граѓани од Украина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...