Бидејќи настанот се реализира под строги безбедносни и здравствени протоколи, Ве информираме дека ќе биде дозволено снимање и известување, само на претходно најавени лица кои ќе бидат назначени од медиумот.

Објавил: Владо Марин | 13 октомври, 2020 9:50

Повик за акредитација за следење на централната прослава „1000 години Бигорски манастир“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Почитувани медиуми,

Ве известуваме дека до среда 14 октомври 2020 можете да акредитирате новинари, сниматели, фотографи за главната прослава на великиот јубилеј: 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

Бидејќи настанот се реализира под строги безбедносни и здравствени протоколи, Ве информираме дека ќе биде дозволено снимање и известување, само на претходно најавени лица кои ќе бидат назначени од медиумот.

Затоа Ве молиме, Вашите акредитации испратете ги на е-маил: efimija981@gmail.com

Заради Ваша лична безбедност, и заради следење на протоколите, сите Ваши активности за време на прославата ќе бидат во договор со лицето задолжено за медиуми: сестра Ефимија 070290210

Со цел непречено и професионално одвивање на Вашата работа, сите прашања и потреби слободно упатете ги кон сестра Ефимија.

Директен пренос од настанот ќе врши МТВ, а преносот во целост ќе Ви биде достапен и на јутјуб каналот на Бигорскиот манастир.

Прославата на милениумскиот јубилеј што ќе се одржи во недела на 18 октомври, ќе започне во 9 часот, во дворот на манастирот, каде што ќе се реализира целата програма, вклучително и Светата Богослужба со којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

По завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните ќе се обратат Архиепископот г. г. Стефан и покровителот на прославата, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски.
Во продолжение, од страна на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации кои дале значителен придонес за евангелско-просветната мисија на Бигорски.

Однапред Ви благодариме што ќе известувате за историската милениумска прослава на Свештениот Бигорски манастир којшто цели 10 века е сенароден светилник.

Искрено Ваши,
Монасите и монахињите од Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани