Тој додаде дека Франција ќе продолжи да се залага за МКС да може да ја исполни својата мисија на независен начин, во согласност со Римскиот статут, јавуваат француските медиуми.

Објавил: admin@magazin | 13 јуни, 2020 11:46

ПОВЛЕЧЕТЕ ГИ САНКЦИИТЕ! Франција испрати барање до САД!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Франција денес објави дека одлуката на САД за воведување санкции кон персоналот на Меѓународниот кривичен суд е напад врз земјите што се потписнички на Римскиот статут и ги повика САД да ги повлечат тие мерки.

Францускиот министер за надворешни работи, Ив Ле Дријан во изјава рече дека одлуката на САД за воведување санкции ризикува да ја загрози независноста на судскиот систем, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека Франција ќе продолжи да се залага за МКС да може да ја исполни својата мисија на независен начин, во согласност со Римскиот статут, јавуваат француските медиуми.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го одобри наметнувањето економски санкции и ограничувањата за патувања на сите вработени во Меѓународниот кривичен суд (МКС) кои, без согласност на Соединетите држави, истражуваат или обвинуваат американски војници или разузнавачи за можни злосторства во Авганистан, соопшти претходно Белата куќа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.