На скопскиот аеродром рано утринава пристигнаа роднините на починатите, еден од роднините кои ги чекаше посмртните останки рече дека изгубил 5 члена од блиската фамилија и дека за загубата на човечките животи ќе чекаат одговор за несреќата.

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 декември, 2021 17:34

ПОВОРКАТА СО ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ ТРГНА КОН ВЕЧНИТЕ ПОЧИВАЛИШТА НА 45 ЗАГИНАТИ ВО АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА

Фото/Текст извор: ©24.мк

По десет дена, роднините на починатите  од трагичната автобуска несреќа во која животот го загубија 45 лица,  денеска на скопскиот аеродром ги пречекаа посмртните останки. Со два военотранспортни авиони, од Софија беа донесени посмртните останки на сите 45 загинати.

На скопскиот аеродром рано утринава пристигнаа роднините на починатите, еден од роднините кои ги чекаше посмртните останки рече дека изгубил 5 члена од блиската фамилија и дека за загубата на човечките животи ќе чекаат одговор за несреќата.

Откако двата авиони слетаа на аеродромот покрај роднините, почит одадде и владина делегација. На барање пак на семејствата на загинатите, владата се откажа од планираната поворката која требаше да помине низ главниот град.

Посмртните останки од аеродромот беа пренесени до семејствата на починатите. Паралелно додека се оддаваше почит на аеродромот , на плоштадот „Скендербег“ беа положени венци за оддавање почит на загинатите во автобуската трагедија.

Сообраќајната несреќа се случи на на 23 ноември, на втопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул. Од вкупно 52 патници, седуммина ја преживеаа несреќата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam