Повеќе сончеви периоди ќе има од петок додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст.

Објавил: Владо Марин | 22 април, 2020 9:00

ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД: Временска прогноза за денеска!

Фото/Текст извор: ©Магазин

До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно. На повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа долж Повардарието од југоисточен, во останатите предели претежно од источен и од североисточен правец.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.
 
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 14 степени.
 
Потоа утре се уште ќе имаме променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд.
 
Повеќе сончеви периоди ќе има од петок додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст.
За време на викендот повторно максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени во сабота, и од 17 до 25 во недела.
 
Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...