Детална временска прогноза!

Објавил: Владо Марин | 13 април, 2020 9:53

ПОВТОРНО ДОЖД ВО ЗЕМЈАВА: Следи пад на температурите, постудено време и снег на некои места- ДЕТАЛИ!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Денес во државава времето ќе биде сончево и топло со мала, попладне и кон крајот на денов и со умерена облачност.

Ќе започне да дува умерен, во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала а попладне и со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, попладне ветерот повремено ќе засилува.

Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 23 степени.

Во текот на утрешниот ден облачноста насекаде ќе се зголеми и од околу пладне па натаму на повеќе места ќе започнат повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер.

Најпрвин ветерот ќе биде од југозападен, потоа од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите. Максималните дневни утре ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, меѓутоа од попладневните часови ќе започне да опаѓа.

Веќе во среда ќе имаме стабилизирање на времето со што ќе продолжи и периодот на стабилно и суво време без врнежи.

Среда ќе биде малку посвежа со максимални дневни температури, кој ќе бидат за пет до шест степени пониски во однос на сегашните.

Максималните дневни во среда ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 19 степени. Наутро ќе биде постудено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат не многу под нулата, односно минималните во среда и четврток ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.

Само на високите места и на планините ќе биде уште постудено.
Максималните дневни температури на воздухот, од четврток повторно ќе бележат тенденција на пораст со што се очекува уште поголемо затоплување на времето во однос на она кое го имавме досега.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...