Според информациите од СВР Битола, на регионалниот патен правец Битола-Прилеп, во непосредна близина на населеното место Вашарејца синоќа во 20 часот се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа две лица.
Според првичните податоци, во сообраќајката учествувале тешко товарно возило и патничко моторно возило, и притоа тоа на местото на сообраќајката загинале две лица, односно Џ.И. (34) и А.И. (27).
Во текот на денот ќе бидат објавени повеќе детали за причините за сообраќајната несреќа и за текот на истражната постапка, потврдија од СВР Битола.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.